Вербален инцидент од помали размери се случил вечерва во скопската населба Ѓорче Петров, јавува порталот „Курир“, меѓу приврзаниците на Александар Наумовски, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, кои почнале да ги напаѓаат и навредуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Сокол Митревски.
Вербалниот инцидент се случил откако на местото каде што Трајановски и Митровски имале средба со граѓаните, дошол кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумовски, со свои поддржувачи, кои го предизвикале вербалниот инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


