| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Глигоровска – наставничка на второ одделение

Каде се...

Некогаш Мис бикини, денес наставничка. Манекенката Маја Глигоровска денес работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Моделот кој во 2006 година во Кина ја освои титулата за Мис бикини универзум, денес предава на учениците од второ одделение во училиштето во скопската населба Аеродром.

Освен со децата од нејзиното одделение, Маја денот го поминува и со својот син Константин (Тино). По пет години брак се разведе од сопругот Никола Николовски. Освен како модел работеше и како водител на забавни емисии, а краток период беше ангажирана околу продажбата на плацеви во ски –центарот Кожув.

maja g520

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top