| четврток, 6 декември 2018 |

Бранко Црвенковски, Наташа Савова и Зоран Миравац на аеродром во Виена

Тројца видни личности од опозициската СДСМ денеска се забележани на аеродромот во Виена, дознава „Република“, и тоа во екот на кампањата за локалните избори која е во тек.

BRANKO-CRVENKOVSKI

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и двајца негови блиски соработници, Наташа Савова и Зоран Миравац, се забележани на меѓународниот аеродром во Виена. Не знаеме дали биле на поминување низ Виена или главниот град на Австрија им бил крајна дестинација. Она што зачудува е тоа што тие се надвор од земјата во ек на кампањата на локалните избори, а нивни кандидати од заедничката коалиција имаат шанси да освојат градоначалничко место, како на пример во Струмица, Велес, скоспките општини  Центар и Карпош и други… Во овие четири општини се очекува битка на 7 април, за кога е закажан вториот круг од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top