| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск им ги изми нозете на малолетните затвореници

За време на мисата папата им ги изми и им ги бакна нозете на 12 млади затвореници. Со овој гест сакаше да го симболизира гестот на понизност на Искус Христос кој исто така им ги измил и бакнал нозете на 12-те апостоли пред да биде распнат на крст

Новоизбраниот папа Франциск им ги изми нозете на малолетните затвореници на периферијата на Рим каде што ја одрѓа мисата на Велики четврток. Оваа миса вообичаено се одржува во базиликата „Свети Петар“, но папата Франциск направи исклучок.

papa baknuva noze

За време на мисата папата им ги изми и им ги бакна нозете на 12 млади затвореници. Со овој гест сакаше да го симболизира гестот на понизност на Искус Христос кој исто така им ги измил и бакнал нозете на 12-те апостоли пред да биде распнат на крст. Меѓу 12 затвореници имало и две девојки од кои едната била со потекло од Србија и имала муслиманска вероисповед, пренеси „Би-би-си“.

Околу 50 малолетни затвореници со разлина веросповед присустувале на денешната миса. Папата со денешниот чин покажа дека во Ватикан дуваат нови ветришта. Со ова тој ја прекина традицијата да се измијат нозете на 12 свештеници, чин кој вообичаено се одржува во базиликата „Свети Јован“.  На овој начин папата покажа големо внимание кон една група која е маргинализирана во општеството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top