| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на хаус музиката, Еди Ричарс, на плажата „Оревче“ во Охрид

Светски познатиот британски диџеј и татко на асид хаус музиката, Еди Ричардс, на 25 јули повторно ќе настапи пред македонската публика на охридската плажа Оревче.

evil

Еди важи за пионер и легенда на електромузиката. Со својот оригинален стил, тој е еден од првите диџеи кој уште од средината на 80-тите години е важна и препознатлива фигура на едно ново и културно движење.

Ричардс станува миленик на македонската публика пред повеќе од десетина години кога имаше редовни настапи во Скопје, но и во помалите градови како Кичево и Гостивар, каде остави посебен белег врз генерациите кои придонесоа да се создаде прогресивно и урбано движење на клупската сцена во Македонија.

Овојпат ќе имаме прилика да го видиме и на плажата Оревче во Охрид.

Настанот започнува во 22 часот, а одличната забава е загарантирана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top