Одѕивот на гласачите во првиот круг од локалните избори 2013 изнесува 66,98 проценти, според Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на податоците од сите 2.976 избирачки места.
Вкупно гласале 1.167.757 избирачи од вкупно 1.743.403 запишани во избирачкиот список. Важешки гласачки ливчиња на првиот круг од изборите се 1.127.399, а бројот на неважечки ливчиња 40.358.

Втор круг на гласање, според ДИК, ќе има за градоначалник на Град Скопје, но и во Арачиново, Берово, Богданци, Брвеница, Битола, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар и во Дебарца.
Потоа следуваат општините Дебарца, Делчево, Долнени, Ѓорче Петров, Јегуновце, Куманово, Карбинци, Кочани, Кавадарци, Карпош, Лозово, Могила, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чешиново-Облешево, Центар и во Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


