| четврток, 6 декември 2018 |

Кипарски медиуми: Скопјаните дојдоа да победат

apoel

Скопјаните дојдоа да победат. Дали тоа е блеф, преценување или непоткрепен оптимизам? На фудбалерите на АПОЕЛ им останува да ги урнат амбициите на Вардар и како што очекуваме да направат недостижна предност пред реваншот во Скопје. Вака отприлика пишуваат кипарските медиуми пред денешниот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите во Никозија, меѓу АПОЕЛ и Вардар.

АПОЕЛ има искуство со настапите во ЛШ, досега трипати беа дел од луксузното натпреварување, односно во фазата по групи, а во сезоната 2001/12 играа и во четврт-финалето. Домаќините се фаворити, но и Вардар си има свои сметки во обидот да биде првата македонска екипа што стасала до фаза по групи во ЛШ.

Мечот ќе се игра на „ГСП арена“ во Никозија од 19 часот со директен пренос на МТВ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top