Ратко Димитровски, актуелниот градоначалник на Кочани и кандидат за истата функција од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, има доброосмислена програма која треба да ја реализира во следниот мандат. Тоа денеска го оцени Никола Груевски, премиерот на Република Македонија.
– Димитровски во минатиот период даде сѐ од себе, работеше и покажа голема разлика меѓу неговите претходници и направи конкретни дела и, се разбира, понуди добро осмислена програма за наредните четири години – рече Груевски.
Во програмата на Димитровски, посочи тој, е предвидено базенот во Кочани со олимписки димензии да биде покриен и затворен и да може да се користи во текот на целата година, а се планира да биде донесена и геотермалната вода која ќе се лади до потребниот степен за користење во базенот.

– Геотермалната вода е на дваесетина метри од базенот и ќе треба мала инвестиција за да се искористи во базенот и да можат децата од училиштата да доаѓаат на часовите по физичко. Тоа е многу добра инвестиција, а со неа и реконструкцијата на градскиот стадион која планира Димитровски да ја направи – рече Груевски.
Се планираат и други проекти, а еден од главните е изградба на брана на Оризарска Река, како и изградба на градинки во Оризари и во Бели и реконструкција на водоводната и на канализациската мрежа.
Капитален проект што ќе се реализира заедно со Владата, според Димитровски, ќе биде решавање на системот на отпадните води и оддвојување на фекалната од атмосферската канализација, како и решавање на целиот колекторски систем во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори


