| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец купил ручек од „СП Маркет“, стекот бил полн со црви (ВИДЕО)

stek

Скопјанец за време на паузата од работа купил пилешки стек од катчето со готвени јадења во „СП Маркет“, а во него пронашол црви.

Видеото го постави на „Јутјуб“, а под него го опиша искуството.

„Ручек време, пауза од работа, па одлучив да јадам похован пилешки стек со кашкавал од СП Mаркет (кај пазарот Тафталиџе).
Се враќам на работното место, го отворам стекот. Стекот ВРИЕШЕ ЦРВЈА. Ми се згади, одвратна глетка за мене, а и за останатите вработени во фирмата.

Ова е срамота, вакво нешто несмее да се дозволи. Пријавив во агенцијата за храна и ветеринарство. Се надевам на засилени контроли за време на летниот период.

Сакам да останам анонимен, но ве молам за што е можно поголемо споделување на социјалните мрежи како би се подигнало нивото на храна што се продава во сите маркети во државата, а посебно во СП Маркет Скопје.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top