Екипата на македонскиот првак Вардар веќе втор ден е на Кипар во пресрет на првиот дуел од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите со првакот на Кипар АПОЕЛ. Вообичаено пред тренингот тренерот на Вардар Сергеј Андреев одржа прес – конференција.
– Немаме проблеми со играчите сите кои се тука се подготвени 100 отсто и немаме проблеми во тој дел. Не сакам да зборувам за добрите и лошите страни на АПОЕЛ. Во секоја екипа има и добри и лоши страни, рече Андреев.
За утрешниот ривал на македонскиот првак стратегот на Вардар изјави:
– Ги гледавме на неколку натпревари во Полска и се уверивме во нивниот квалитет. Шансите со 50-50, дојдовме по добар резултат и да победиме. Внимателно ја проанализиравме играта и се надевам дека утре ќе го покажеме тоа и на теренот што сме го анализирале. Атмосферата ќе биде тензична затоа што навивачите на АПОЕЛ сигурно дека ќе сакаат нивниот тим да победи.
Натпреварот АПОЕЛ – Вардар се игра утре со почеток во 19 часот по македонско време или во 20 по локално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.