Повозрасните гледачи веројатно се сеќаваат на релативно успешната кариера на Лоренцо Ламас.
Сепак, главно се работеше за сапуници, криминалистички серии и акциски филмови, но имаше и некои поголеми улоги како, онаа во култниот „Брилијантин“ кога се појави на само 19 години.
Но, работите почнаа да се менуваат во доцните 90-ти години. Улоги во ТВ сериите имаше се помалку, а филмските понуди се сведоа на озборувачки проекти како што е „Mega Shark Versus Giant Octopus“.
Ламас во еден момент одлучи да го напушти шоу бизнисот и денес работи како пилот за една калифорниска туристичка компанија.
Во шоуто „Oprah: Where Are They Now“ откри за што денес најмногу жали: – Најмногу жалам што своиот успех го земав здраво за готово затао што бев премлад кога ја стекнав славата. Мислев дека мојата актерска кариера ќе трае вечно и не очекував дека ќе заврши кога имав 41 или 42 години.
– Континуирано работев од раните 20-ти години. Секогаш имав нова серија или филм каде можев да се појавам, рече Ламас кој веќе два пати беше присилен да прогласи банкрот.
– Тешко е кога таа лекција мораш да ја научиш на 40 години. Потоа, што не се подготвив за крајот на кариерата и штедев. Наместо тоа, трошев на авиони и вили, а сите тие работи не значат ништо. Заради тоа немам доволно пари на мојот 16-годишен син да му купам автомобил, заклучи Ламас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)