Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, по повод нападот во Сребреница, дека нема да ја промени својата политика и оти мора да се создаде заедничка иднина за сите, па и, како што кажа, за неговите напаѓачи, јави Танјуг.
– Мора да создадеме заедничка иднина за сите, па и за луѓето кои ме нападнаа- изјави Вучиќ за весникот, кој на првата страница под наслов „Ја продолжувам политиката на помирување, наспроти нападот“, ја објави таа изјава.
– Нема да ја променам својата политика, мојата рака и натаму е пружена. Мораме да мислиме на иднината и да создадеме основа за подобар живот на Бошњаците и Србите – рече Вучиќ и додаде дека инцидентот уште повеќе го уверил дека сите напори мора да се вложат во помирување.
Освен тоа, Вучиќ изнесе обвинувања на сметка на босанско-херцеговската полиција.
– Наслутував дека ќе ме исвиркаат, сметав и на навреди, но не претпоставив дека ќе бидам изложен на организиран напад, а босанската полиција да не ме заштити – додаде Вучиќ.
Тој појасни оти српската делегација се сомневала во тоа дека полицијата на БиХ доволно добро ќе си ја заврши работата, па побарала заштита да преземе полицијата на Република Српска.
– Најнапред тоа ни го ветија, но неколку часа пред почетокот на комеморацијата ни кажаа дека полицијата на РС не смее да стапи на тлото на Меморијалниот центар – рече Вучиќ, кој говореше за подготвен и организиран напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста