| четврток, 6 декември 2018 |

Пасивното пушење кај децата може да се развие во белодробна болест

Изложеност на димот од цигари во детска и тинејџерска возраст е поврзана подоцна со поголем ризик за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

deca cigari

Едно медицинско списание во САД пишува дека причина е недоволниот развој на функциите на белите дробови во детството и во адолесценцијата до која доаѓа поради пасивното пушење.

Во истражувањето учестувале лица кои биле следени 25 години.

ХОББ е белодробно оштетување слично на астмна, во кој нормалниот проток на воздух е намален и тоа го прави дишењето отежнато. ХОББ е еден од водечките причинители на смрт во светот, додаваат данските научници од универзитетот во Копенхаген.

Во 85 отсто од случаите ХОББ се јавува кај активни пушачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top