| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е голем и кога не е на врвот, гестот со подарокот го поздрави и Металург

Ракометниот клуб Металург доби подарок, копија од артефакт со крст од 19. век, од лутиот ривал, Вардар, пред вчерашниот натпревар меѓу двата тима во СЕХА-лигата. Гест што заслужува комплименти и потврдува дека ракометот ни е на светско ниво. Ривалитетот меѓу двата скопски клуба е огромен, а чинот на Вардар е редок за нашите простори. „Црвено-црните“ покажаа дека се гигант и кога не се на врвот, а гестот го поздрави и тимот на Металург.

„Навистина прекрасен гест на Вардар. Им благодариме за подарокот и за подршката“ коментираат од редовите на македонскиот првак.

Во честитката на Вардар, пишува: „Најискрени спортски честитки за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со желба да играте на фајналфор“. РК Вардар Про.

Натпреварот што немаше никакво натпреварувачко значење заврши со победа на Металург од 26-21. Двете наши екипи ќе играат меѓусебе во полуфиналето на завршниот турнир од СЕХА-лигата. Лани, во финалето, Вардар во Загреб го победи Металург и стана прв шампион во историјата на регионалното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top