| четврток, 6 декември 2018 |

Ирак почна воена офанзива за преземање на провинцијата Анбар

Ирак почна денеска воена офанзива за ослободување на провинцијата Анбар од групацијата Исламска држава.

Тоа се случува два месеци откако екстремистите го зазедоа главниот град на провинцијата, Рамади.

– Во пет часот изутрината почна воена операција за ослободување на Анбар, се наведува во соопштението на армијата.

Во воената операција учествуваат ирачките копнени сили, шиитските милиции „Хашид шааби“, специјалните единици, полицијата и локалните сунитски племенски борци.

Првата цел ќе биде заземање на градот Фалуџа, на околу 50 километри западно од Багдад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top