| четврток, 6 декември 2018 |

Јавен повик за млади/невработени кои сакаат да помогнат на стари лица

стари

Јавен повик за млади/невработени лица кои сакаат да помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време распиша Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ во рамки на проектот „Ние сме со вас“, финансиски поддржан од Град Скопје.

Од Здружението соопштија дека активно работат за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

Цел на проектот, истакнаа од Здружението, е поттикнување меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај помладите за грижа кон постарите лица.

– За таа цел, ја креираме првата електронска дата база на невработени млади лица во Република Македонија кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за нивна зголемена социјализација. Пријавените лица на распишаниот јавен повик, ќе имаат можност за посета на домовите за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top