| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Грегзит веќе е минато

ципрас3

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави по средбата во Брисел дека излегувањето на Грција од еврозоната е минато и дека е соочен со тешки одлуки и дилеми, но договорот ќе ѝ овозможи на Грција да застане на свои нозе.

Тој додаде дека успеал да ги убеди лидерите на Европската унија дека новиот фонд од 50 милијарди евра да не биде лоциран во Луксембург туку во Атина.

Ципрас наведе дека добил и среднорочен план за Грција и можно релаксирање на долгот. Тој се обврза дека државата ќе спроведе радикални реформи.

– Бевме соочени со тешки решенија и одлуки. Водевме сурова борба и се боревме до крај за да добиеме најдобро решение. Договорот е тежок, но спречивме план за финансиско задушување на Грција – изјави Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top