Германските осигурителни компании минатата година исплатиле 100 милиони евра за украдени велосипеди, што е 10 отсто повеќе отколку една година претходно.
– Исплатената отштета за едно лице изнесува просечно 490 евра – изјавил шефот на одделот за управување со ризици при Германскиот сојуз за осигурување, Александер Коесел.
Осигурителните компании ги надополниле штетите за 210.000 украдени велосипеди, што е најголем број во последните пет години. Полицијата истовремено регистрирала 340.000 кражби на велосипеди, што е пораст од 7,2 отсто. Од овие случаи решени се само 9,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.