Лина Ѓорческа полека се доближува до позицијата 300 на ВТА ранг-листата, место што ми е зацртано како цел за оваа сезона. На најновото рангирање на најдобрте светски тенисерки, првиот македонски рекет на е на 351. место со 102 поени и со скок за 3 позиции.
За 17 скалила напредуваше и Магдалена Стоилковска, втората Македонка што има поени на ВТА листата. Со 3 поени таа е на 1211. место.
На врвот остана шампионката од Вимблдон, Серена Вилијамс, пред Марија Шарапова која се проби од четвртата на втората позиција. Во топ-5 се и Симона Халеп, Каролине Вознијачки и Петра Квитова.
Кај мажите најдоброрангиран македонски тенисер е Томислав Јотовски на 524. место со прогрес од две скалила. Меѓу најдобрите илјада тенисери е уште и Димитар Грабул на 740. место.
Прворангиран е актуелниот освојувач на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ пред Роџер Федерер, Енди Мареј, Станислас Вавринка и Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.