| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар тотален аутсајдер против АПОЕЛ според обложувалниците

Фудбалерите на Вардар ќе имаат дополнителен мотив, веројатно и инает да ги демантираат светските обложувалници, кои ги рангираа како тотални аутсајдери пред првиот меч против АПОЕЛ, во Никозија, во рамките на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

За победа на Вардар на „ГСП арена“ утре од 19 часот, коефициентите се двоцифрени и се движат меѓу 11 и 13, зависно од обложувалницата. Тоа би значело дека на вложени 100 денари ако гостите од Скопје победат може да се заработат од 1.100 до 1.300 денари.

За победа на АПОЕЛ коефициентите се од 1,20 до 1,25, а за нерешен резултат понудата се движи од 5,50 до 6.

Кипарскиот тим досега трипати бил учесник во фазата по групи во ЛШ, а Вардар ќе бие битка за евентуално прво учество во елитното клупско натпреварување.

vardar-rabornicki-21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top