| четврток, 6 декември 2018 |

Нерешено чудо романско

Вистински раритет се случи во романското фудбалско првенство и тоа на стартот од новото издание и на сите 6 почетни натпревари немаше победник.

Три од нив завршија без голови, новиот прволигаш Волунтари одигра 1-1 со Јаши, а два меча имаа идентичен исход од 2-2.

Романското првенство годинава за првпат се игра во редуциран состав со 14 екипи, а за прва победа и челна позиција на табелата по првото коло, денеска ќе се борат фудбалерите на Поли Темишвар и Пандури. Ако и тој меч заврши нерешено, ќе има веројатно единствен пример во фудбалската историја сите натпревари од првото коло во некое првенство да завршат без победник.

fudbal

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top