Националната агенција за сигурност на лекови и здравствени производи (АНСМ) спороведе истражување кое ги поврзува апчињата за контрацепција со тромбоза, односно со згрутчување на крвта. Згрутчувањето на крвта може да биде смртоносно бидејќи предизвикува срцев и мозочен удар.
Апчињата од третата и од четвртата генерација, кои се појавија на пазарот во последните 20 години, предизвикуваат смрт во 14-20 случаи. Во останатите шест смртни случаи годишно, виновни се апчињата од првата и од втората генерациија, пишува весникот „Дејли телеграф“.
Третата генерација апчиња се појави во 90-тите години на минатиот век, а четвртата е одобрена пред десетина години. Двете генерации апчиња моментно се под истрага поради случајот со 25-годишната Марион Ларат, која поднесе тужба тврдејќи дека последната генерација апчиња ѝ предизвикале сериозни компликации по мозочниот удар оставајќи ја хендикепирана.
Во светот, Французинките се број еден по користење апчиња за контрацепција. Според истражувањата, во 2011 година речиси 4.25 милиони жени користеле орална контрацепција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.