| четврток, 6 декември 2018 |

Награда од милион долари за најпознатите украдени чевли

Анонимен донатор нуди милион долари како награда за информација кој би довела до најпознатите црвени чевли кои Џуди Гарланд ги носеше во филмот „Волшебникот од Оз“, а кои се украдени од музејот во Минесота.

Cipelice-2-500

Директорот на музејот истакнал дека дарежливиот донатор е од Аризона и голем обожавател на филмот и актерката.

Наградата ќе му биде исплатена на оној кој ќе каже каде точно се наоѓаат чевлите и името на крадецот.

Чевлите кои Гарланд ги носеше во познатиот детски филм се украдени пред 10 години. Од истите постојат три копии кои се наоѓаат во други музеи.

doroti500

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top