| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон и ја вкуси тревата

dzokovic

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одбрани ланската титула на Вимблдон, по денешниот триумф за деветта гренслем-титула во кариерата против Роже Федерер.  Тој го стигна својот тренер Борис Бекер по број на освоени трофеи и изјави дека привилегија за него е што игра против Федерер.

-Привилегија е да играш против Роже, тоа е веројатно еден од најголемите предизвици кои ги имам. Играчите од мојата генерација се угледуваа на него, ги следиме неговите чекори и чест е да се игра против него. Бев свесен дека ќе одигра најдобро секогаш кога е најпотребно. Знаев дека морам да додадам уште малку притисок, но јас цел живот се подготвувам за вакви мечеви, работам за вакви работи. Големо уживање е да се држи овој трофеј“, вели Ѓоковиќ.

Тој ја продолжи традицијата и повторно по освојувањето на титулата проба од тревата.

„Тревата оваа година има одличен вкус, не знам што направија, ама беа добри. Ова е традиција, јас како дете сонував да го освојам Вимблдон“, додаде Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top