Отворањето на Конзулатот, според Кипријаноска, е уште една верна афирмација и потврда на долгогодишното пријателство и стабилни односи испреплетени и проткаени со искрнео пријателство меѓу двете земји. Тоа, додаде, е и заедничка готовност за натамошно јакнење на сорабтоката, интензивирање на контактите меѓу населението, бизнис партнерите и во сите сфери од заеднички интерес на двете држави.
– Република Македонија цврсто стои на своите определби, а тоа европско и евроатланско интегрирање. Македонија е подготвена за што поскоро приклучување кон евроатланските процеси. Во таа насока ја поздравуваме политиката на отворени врати на Европската унија и НАТО за кои Република Словенија цврсто се залага. Огромна е благодарноста што Словенијата постојано, конзистентно ги поддржува нашите ставови и аспирации за што поскоро приклучување кон евроатланското семејство, истакна Кипријаноска.
Со отворањето на почесниот конзулат, нагласи, се отвораат прилики за градење нови мостови, јакнење на соработката меѓу граѓаните и државите, но и ја акламира заедничката определба на двете држави, а тоа е европска перспектива на државите од регионот како нужен императив, клуч за трајна стабилност, безбедност и просперитет на граѓаните.
Почесниот конзул на Република Словенија во Охрид, Шенол Ислам потсети дека со словенците делиме заедничка историја и соработуваме во сите области, бизнисот, културата, политиката… Во Словенија, оцени тој, имаме голем и искрен пријател, поддржувач на нашите напори за прибилижување кон Европската унија, како рамноправна земја членка на европското семејство.
– Конзулатот многукратно ќе придонесе во подобрување на соработката на сите нивоа, економско, политичко и културно, а ќе помогне при промоцијата на таа соработка во цела Западна Македонија. Интерес ќе биде туризмот кој претставува голем двигател на современите економии, преку кој ќе се овозможи промовирање на културните вредности и природните богатства на двете земји, рече Шенол.
Амбасадорот на Словенија во Македонија Брано Раковац прочита писмо од словенечкиот министер за надворешни работи Карил Ријавец, кој поради професионални обврски не присуствувал. Според министерот, отворањето на Конзулатот го покажува значењето кое Словенија и го придава на јакнењето и развојот на сестраните односи со пријателска Македонија.
– Словенија и Македонија во изминатите години успеаја да изградат пријателски односи кои се базираат на меѓусебното почитување и доверба. Позитивниот равзој на односите меѓу нашите држави сакаме и понатаму да продолжи, бидејќи Македониај е наш важен политички и економски партнер. Убеден сум дека новиот почесен козул успешно ќе ги јакне и проширува контактите меѓу двете пријателски земји и значајно ќе придоне се за зајакнуавање на меѓукултурните, меѓучовечките и економските врски меѓу Словенија и Македонија, вели Ријавец.
Охридскиот градоначалник Бакрачески смета дека со работата на Конзулатот ќе бидат подигнати на повисоко рамниште заедничките историски, економски, културни и политички врски меѓу Македонија и Словенија.
Република Македонија и Република Словенија во 1991 година стекнаа независност, а следната година беа воспоставени и дипломатски односи меѓу двете земји заедно признавајќи го политичкиот суверенитет и територијален интегритет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.