ТВ Б92 дојде до ексклузивна снимка од нападот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ во Меморијалниот центар Поточара.
Делегацијата на чело со Вучиќ ја напушти Сребреница, а едно лице е уапсено поради напад. Како што навеле од делегацијата, Вучиќ е погоден со камен во лице и скршени му се наочарите. Поединци од масата го напаѓаа обезбедувањето на српската делегација во обид да дојдат до Вучиќ при што дошло до физичка пресметка со членовите на обезбедувањето.
Репортерот на Б92 јавува дека се било мирно до моментот кога Вучиќ и останатите членови на делегацијата тргнале во меморијалниот центар. Откако е положено цвеќе на споменикот на жртвите, масата тргнала кон него и во тој момент влетале камењата.
Како што се наведува, Вучиќ е погоден со камен во главата, а насобраните луѓе викале „четнику“ и „одговорност“.
Во обид да го заштитат премиерот Вучиќ, членовите на неговото обезбедување ги отвориле панцир торбите. Полицијата интервенирала и се судрила со напаѓачите, а српската делегација е евакуирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)