| четврток, 6 декември 2018 |

На Косово се апсат членови на Исламската држава

Во косовската општина Грачаница се уапсени пет лица осомничени дека се членови на исламистичката групација Исламска држава, изјави претседавачот на Судот во Приштина, Хамди Ибрахими.

– Рано изутрината се уапсени три лица, а подоцна уште две – појасни тој.

apsenje_201322012577

Портпаролот на косовската полиција изјави дека во 1:40 часот по полноќ полицијата сопрела покрај езерото Бадовац два автомобила, во кои е пронајдено оружје, муниција и материјали, кои ги прикажуваат активностите на ИД и оти поради тоа постојат сомневања дека уапсените се поврзани со оваа групација.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за жители на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top