| четврток, 6 декември 2018 |

Снимки од нападот на Вучиќ во Поточари (видео)

napad na vucic

На снимките од нападот на српската делегација која ја предводеше премиерот Александар Вучиќ за време на посетата во Поточари, БиХ, се гледа како присутните фрлаат предмети на делегацијата.

Премиерот бил нападот со камења и други предмети, а некои од нив го погодиле во главата и му ги скршиле очилата.

Поединци од масата го нападнале и обезбедувањето на српската делегација во обид да дојдат до Вучиќ. Сакајќи да го заштитат Вучиќ, членовите на неговото обезбедување отвориле и панцир торби. Полицијата интервенирала и се судрила со напаѓачите, а еден од нив е уапсен.

Напаѓачите извикувале „Бог е голем“ (Алаху егбер) и „Замини си Вучиќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top