| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс ја збогати гранслем колекцијата на 21 трофеј

Серена Вилијамс е шампионка на Вимблдон по шести пат, откако попладнево со 6-4, 6-4 ја победи Гарбине Мугуруза во финалниот меч.

Вилијамс направи клучен брејк при резултат 5-4 во првиот сет, поведе со 1-0 и потоа експресно стаса до 5-1 во гемови. Мугуруза која за првпат играше гранслем финале, сепак покажа дека заслужено е на Централниот терен во Њу Ингланд клубот во меч за титулата и со серија од 3-0 намали на 4-5, а патем имаше и сервис за израмнување.

Сепак Американката се созеде и без загубен поен ја освои последната игра на ова зидание на Вимблдон во женска конкуренција и ја збогати колекцијата на 21 гранслем трофеј.

Серена по вторпат во кариерата има низа од сите 4 гранслемови, а ако победи и на САД опен во септември ќе ги има сите трофеи од четирите најценети тениски турнири во иста година.

Утре е машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Serena Williams wins fifth Championship title

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top