| четврток, 6 декември 2018 |

АПОЕЛ е посебен предизвик за стоперот на Вардар

Ждреп­ка­та при одре­ду­ва­ње­то на двој­ки­те за старт­но­то ква­ли­фи­ка­ци­ско ко­ло во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те са­ка­ше по­ра­неш­ни­от член на АПО­ЕЛ да игра ток­му про­тив сво­јот не­ко­га­шен клуб. Пре­диз­вик и за Грн­ча­ров и за не­го­ви­от ма­ти­чен клуб Вар­дар, а цел­та е да се ели­ми­ни­ра фа­во­ри­тот. Сто­пе­рот на „цр­ве­но-цр­ни­те“ има по­се­бен мо­тив ка­ко дел од злат­на­та ге­не­ра­ци­ја на АПО­ЕЛ се­га да игра про­тив клу­бот со кој ис­пи­ша исто­ри­ја со пр­во­то учес­тво во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во се­зо­на­та 2009/10

Вар­дар е ис­пра­вен пред те­шко иску­ше­ние уште на стар­тот на ква­ли­фи­ка­ци­и­те за плас­ман во груп­на­та фа­за во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. За пат кон исто­ри­ја­та и прв на­стап во лу­ксуз­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње пр­ва преч­ка е ки­пар­ски­от шам­пи­он АПО­ЕЛ – клуб кој ве­ќе три­па­ти играл во фа­за­та по гру­пи во ЛШ, а во се­зо­на­та 2009/10 исто­ри­ја за клу­бот од Ни­ко­зи­ја ис­пи­ша и еден наш играч. Ре­пре­зен­та­ти­ве­цот Бо­бан Грн­ча­ров бе­ше стан­дар­ден член на од­бра­на­та и дел од ге­не­ра­ци­ја­та игра­чи на АПО­ЕЛ кои прв­пат во клуп­ска­та исто­ри­ја на­ста­пи­ја во ЛШ. Се­га уло­га­та на 32-го­диш­ни­от сто­пер е мош­не ин­те­рес­на и ка­ко фуд­ба­лер на Вар­дар ќе игра про­тив АПО­ЕЛ. Пр­ви­от меч е на 14 ју­ли на „ГСП аре­на“ во Ни­ко­зи­ја, а ед­на сед­ми­ца по­доц­на ре­ван­шот ќе се игра на на­ци­о­нал­на­та аре­на „Фи­лип Вто­ри“ во Скоп­је.

Ду­е­ли­те на ма­ке­дон­ски еки­пи со ри­ва­ли од Ки­пар или од Гр­ци­ја се по­себ­но тен­зич­ни по­ра­ди по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја и бе­ско­неч­ни­от проб­лем со име­то, но Грн­ча­ров ве­ру­ва де­ка са­мо игра­та на те­ре­нот во два­та ду­е­ли ќе од­лу­чи кој ќе оди на­та­му во оби­дот да стиг­не до фа­за­та по гру­пи во ЛШ.

– Јас по­ми­нав две пре­крас­ни се­зо­ни во АПО­ЕЛ и не­мав ни­ка­кви проб­ле­ми ни­ту со на­ви­ва­чи­те ни­ту со со­и­гра­чи­те. Бев дел од ге­не­ра­ци­ја­та на овој клуб што на­пра­ви исто­ри­ски ус­пех и прв­пат на­ста­пи во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Не оче­ку­вам проб­ле­ми на 14 ју­ли иа­ко отка­ко си за­ми­нав од АПО­ЕЛ, не­мам ни­ка­ков кон­такт со лу­ѓе­то од клу­бот. Ве­ру­вам де­ка ќе ме пре­че­ка­ат ка­ко што до­ли­ку­ва на клуб за кој сум играл чес­но и по­све­те­но, а јас од сѐ ср­це са­кам Вар­дар да би­де по­до­бар во овој дво­меч. Од тој со­став од пред пет го­ди­ни оста­наа са­мо Ну­но Мо­ра­иш и Кон­стан­ти­нос Ха­ра­лам­би­дис. Имаа мно­гу но­ви игра­чи, по­сто­ја­но пра­ват од­ли­чен спој на до­маш­ни фуд­ба­ле­ри и на искус­ни ин­тер­на­ци­о­нал­ци, и им да­вам пред­ност, но са­мо по­ра­ди искус­тво­то со на­ста­пи­те во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Во сѐ оста­на­то Вар­дар е рам­но­пра­вен со АПО­ЕЛ – ве­ли Грн­ча­ров.

 

Boban-Grncarov-2

Грн­ча­ров: Нај­го­ле­ма гре­шка ми е што си за­ми­нав од АПО­ЕЛ

Грн­ча­ров игра­ше две се­зо­ни за АПО­ЕЛ, од клу­бот беа за­до­вол­ни од не­го­ви­те на­ста­пи, но до про­дол­жу­ва­ње на до­го­во­рот не дој­де. Бо­бан ве­ли де­ка по­ра­ди не­со­од­вет­ни­те фи­нан­си­ски ус­ло­ви кои му би­ле по­ну­де­ни од­бил да го про­дол­жи до­го­во­рот и по­гре­шил.

– Тоа ве­ро­јат­но ми е нај­го­ле­ма­та гре­шка во ка­ри­е­ра­та. Не бев за­до­во­лен од ус­ло­ви­те што ми ги по­ну­ди­ја. Оче­ку­вав да по­ну­дат по­до­бар до­го­вор би­деј­ќи ос­тва­рив­ме исто­ри­ски ус­пех. И искре­но не ве­ру­вав де­ка за са­мо две се­зо­ни пак ќе игра­ат во ЛШ и де­ка ќе стиг­нат до че­тврт-фи­на­ле­то. Од тој со­став и од мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја ка­ко го­лем адут оста­на са­мо Мо­ра­иш. Тој е ср­це­то на ти­мот. Од не­го поч­ну­ва се­ко­ја ак­ци­ја на АПО­ЕЛ и тој ди­ри­ги­ра со игра­та. Мо­ра да го со­пре­ме и на не­го да обр­не­ме по­себ­но вни­ма­ние. Се­пак, мис­лам де­ка се­га има­ат пос­лаб со­став од то­гаш­ни­от. До­бро е што Вар­дар е ау­тсај­дер. Не­ма при­ти­сок, тој се­га е на стра­на­та на про­тив­ни­кот. Та­ка бе­ше и ко­га играв за АПО­ЕЛ про­тив Чел­си, Пор­то и Ат­ле­ти­ко Ма­дрид. Ко­га ќе се се­там де­ка играв­ме про­тив Дрог­ба, Анел­ка, Агу­е­ро, Фал­као, Фор­лан, Лам­пард, Хулк и про­тив ек­стра­ти­мо­ви, па, се­пак, не потк­лек­нав­ме и оди­грав­ме рам­но­прав­но на си­те нат­пре­ва­ри. Ко­га сте ау­тсај­дер е по­лес­но. И јас лич­но и АПО­ЕЛ бев­ме во таа по­зи­ци­ја про­тив го­лем­ци­те од европ­ски­от фуд­бал, па не се пре­да­дов­ме. Не гле­дам при­чи­на и Вар­дар да не да­де сѐ од се­бе за да го на­ди­гра и ели­ми­ни­ра шам­пи­о­нот на Ки­пар – за­вр­ши Грн­ча­ров.

 

Тој ја поч­на ка­ри­е­ра­та во Вар­дар и по­тоа игра­ше за уште де­вет клу­ба низ Евро­па за по­втор­но од ла­ни да би­де дел од цр­ве­но-цр­но­то се­мејс­тво. Искус­тво­то на 32-го­диш­ни­от сто­пер е дра­го­це­но за Вар­дар и за еки­пи кои ата­ку­ва­ат на се­фте учес­тво во нат­пре­ва­ру­ва­ње од нај­ви­сок ранг, ка­кво што е Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

– Тоа е сон на оваа ге­не­ра­ци­ја Вар­да­ро­ви игра­чи, ко­неч­но да се на­пра­ви по­се­ри­о­зен че­кор на­пред на европ­ска­та сце­на. Со АПО­ЕЛ ус­пе­ав да стиг­нам до цел­та, зо­што да не би­де та­ка и со Вар­дар. Клу­бот е фи­нан­си­ски ста­би­лен, са­мо ни тре­ба мал­ку вре­ме за си­те коц­ки од мо­за­и­кот да си го нај­дат сво­е­то ме­сто. Искус­тво­то во ва­кви ме­че­ви е дра­го­це­но и ту­ка АПО­ЕЛ е во пред­ност. Се­пак, во ки­пар­ски­от фуд­бал не се вло­жу­ва ка­ко по­ра­но, што е на­ша шан­са за ус­пех. Нѐ сме­та­ат за ау­тсај­де­ри, по­зи­ци­ја што нам со­вр­ше­но ни од­го­ва­ра – до­да­ва по­пу­лар­ни­от Гр­не.

Тој од­лич­но ги поз­на­ва ус­ло­ви­те во ки­пар­ски­от фуд­бал и осо­бе­но во АПО­ЕЛ, чиј­што член бе­ше две се­зо­ни. На „ГСП аре­на“ во Ни­ко­зи­ја има пе­кол­на ат­мо­сфе­ра, на­ви­ва­чи­те на шам­пи­о­нот на оваа зем­ја се 12. играч на АПО­ЕЛ, а Грн­ча­ров по­со­чи ин­те­ре­сен при­мер од се­зо­на­та 2009/10 го­ди­на ко­га прв­пат овој клуб бе­ше дел од ЛШ.

– Се се­ќа­вам на пр­ви­от меч на до­ма­шен те­рен про­тив Чел­си. Го­ле­ми­от Френк Лам­пард по нат­пре­ва­рот из­ја­ви де­ка до­то­гаш не играл во та­ква пе­кол­на ат­мо­сфе­ра. Истак­на де­ка во Евро­па не­ма та­ков ам­би­ент, што е го­ле­мо приз­на­ние од го­лем играч. На­ви­ва­чи­те на АПО­ЕЛ се не­ве­ро­јат­ни и тоа мо­же да би­де проб­лем за Вар­дар. Се­ка­ко и вре­мен­ски­те ус­ло­ви, кои се те­шки за игра и ќе би­дат на стра­на­та на про­тив­ни­кот. По­се­бен адут на АПО­ЕЛ е до­маш­ни­от те­рен. Ед­но­став­но не гу­бат на свој те­рен ко­га им е по­тре­бен по­зи­ти­вен ре­зул­тат. Чел­си нѐ по­бе­ди со 1-0 со единс­тве­ни­от удар на гол иа­ко ги на­ди­грав­ме во Ни­ко­зи­ја. Слич­но бе­ше и на ду­е­лот со Пор­то, а со Ат­ле­ти­ко Ма­дрид оди­грав­ме не­ре­ше­но 1-1. То­гаш таа гру­па ја на­ре­коа гру­па на смрт­та, а АПО­ЕЛ не про­дол­жи во Ли­га­та на Евро­па са­мо по­ра­ди по­ло­ша­та гол-раз­ли­ка во од­нос на Ат­ле­ти­ко Ма­дрид, еки­па ко­ја во исти­от цик­лус на нат­пре­ва­ри го освои ова нат­пре­ва­ру­ва­ње – се по­тсе­ту­ва Грн­ча­ров на аван­ту­ра­та со АПО­ЕЛ во пр­во­то учес­тво во ЛШ на ки­пар­ска­та еки­па.

 

Boban-Grncarov-3

Ма­ке­дон­ци­те та­лич­ни за ус­пе­си­те на 24-крат­ни­от шам­пи­он на Ки­пар

Ма­ке­дон­ски­те фуд­ба­ле­ри се та­лич­ни за ус­пе­си­те на АПО­ЕЛ, а и се­га во ре­до­ви­те на ки­пар­ски­от тим има наш ре­пре­зен­та­ти­вец ка­ко и при пр­ви­от на­стап во ЛШ и при ос­тва­ру­ва­ње­то на нај­го­ле­ми­от до­стрел во елит­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње.

За Грн­ча­ров ве­ќе е поз­на­то де­ка е дел од ге­не­ра­ци­ја­та што ис­пи­ша клуп­ска исто­ри­ја за АПО­ЕЛ. Во се­зо­на­та 2009/10 клу­бот прв­пат се про­би до фа­за­та по гру­пи и оди­гра мош­не до­бро иа­ко бе­ше пос­ле­ден во кон­ку­рен­ци­ја на Чел­си и на Пор­то, кои ја ми­наа гру­па­та, и Ат­ле­ти­ко Ма­дрид, еки­па што по­доц­на про­дол­жи во Ли­га­та на Евро­па и го освои тро­фе­јот во ова нат­пре­ва­ру­ва­ње.

Две се­зо­ни по­доц­на Иван Трич­ков­ски игра­ше за исти­от клуб и да­де го­лем при­до­нес во ос­тва­ру­ва­ње­то на нај­ви­со­ки­от до­стрел на АПО­ЕЛ со плас­ма­нот во че­тврт-фи­на­ле­то. Тоа е нај­го­лем ус­пех на ки­пар­ски­от клуб во ЛШ.

Мо­мент­но во со­ста­вот на АПО­ЕЛ што ќе игра про­тив Вар­дар е Вал­мир На­фиу, ре­пре­зен­та­ти­вец на Ма­ке­до­ни­ја за игра­чи до 21 го­ди­на. Са­мо во тре­ти­от на­стап на АПО­ЕЛ во ЛШ ла­ни не­ма­ше ма­ке­дон­ски играч во со­ста­вот.

 

Да­ли за Вар­дар е пред­ност тоа што пр­ви­от меч го игра на го­сти? На ова пра­ша­ње Бо­бан има не­се­којд­не­вен од­го­вор. Ве­ли де­ка тоа ќе се знае по за­вр­шу­ва­ње­то на ду­е­лот во Ни­ко­зи­ја.

– Да ме пра­ша­те по пр­ви­от меч, вед­наш ќе ви ка­жам – со нас­ме­вка на ли­це­то ве­ли Грн­ча­ров и до­да­ва.

– Знам са­мо де­ка мно­гу по­са­ку­вам по­бе­да или ре­ми со по­стиг­нат гол. Еве не­ка би­де 1-1 или 2-2, би бил со­се­ма за­до­во­лен. Тоа ќе ни ги отво­ри ши­рум пор­ти­те кон след­но­то ква­ли­фи­ка­ци­ско ко­ло и ќе би­де га­ран­ци­ја за полн ста­ди­он во Скоп­је. На­ви­ва­чи­те на Вар­дар мо­жат да од­го­во­рат со иста ме­ра на сим­па­ти­зе­ри­те на АПО­ЕЛ. И на на­ша­та аре­на знае да би­де пе­кол­но те­шко за про­тив­ни­ци­те, а нам да ни да­де крил­ја да го ели­ми­ни­ра­ме ри­ва­лот – ве­ли еден од аду­ти­те на Вар­дар во те­шки­от дво­меч со АПО­ЕЛ.

 

Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 149. број на неделникот „Република“, 10.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top