| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ја чува „десетката“ за Месут Озил?!

Ozil-640x480

Според денешните пишувања на медиумите во Италија, бројот десет на дресот на Јувентус е резервиран за Месут Озил.
Германецот не ги оправда очекувањата по 50 милиони евра вредниот трансфер од Реал Мадрид во Арсенал, па иако Венгер во јавноста му дава поддршка, францускиот стратег е подготвен да го продаде Озил доколку добие интересна понуда за неговите услуги.

Јувентус будно ја следи ситуацијата и денеска се очекува да ги почне преговорите за Озил. Јувентус нема намера да плати 50 милиони евра, се шпекулира дека првата понуда на „старата дама“ ќе изнесува 30 милиони евра, но во таборот на Јуве владее оптимизам дека овој трансфер може да се реализира и со Озил во тимот ќе се атакува не само на нова двојна круна во Италија, туку и на ново финале во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме е во потрага и по нов централен дефанзивец откако го продаде Огбона во Вест Хем за 11 милиони евра. Желба на тренерот Алегри е Матија Настасиќ од Шалке, кој веќе најави заминување од Гелзенкирхен, па се очекува „старата дама“ да почне преговори со германскиот клуб и за овој фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top