| четврток, 6 декември 2018 |

АПОЕЛ си купи поранешен голман на ПСВ Ајндховен

boj

Повредата на голманот Кодина, кој стаса како засилување од Шпанија во редовите на АПОЕЛ, го принуди клубот од Кипар да купи нов голман и против Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите можно е да брани Бој Вотерман. Искусен холандски голман доаѓа од редовите на турскиот прволигаш Карабукспор, а претходно бранеше и за гигантот ПСВ Ајндховен.

Вотерман вчера потпиша двегодишен договор со АПОЕЛ и можно е да брани против Вардар веќе на првиот меч во Никозија на 14 јули.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top