| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија биеше машка битка, но испадна по двомечот со Абердин

vardar-skendija-18

Шкендија биеше мапка битка во двомечот со фаворизираниот шкотски премиерлигаш Абердин, но сепак испадна во првото квалификациско коло за пласман во Европа Лигата и тоа на гол-разлика. Двата меча и во Скопје и во Абердин завршија нерешено, а клучен беше погодокот на Мекгин во нашиот главен град. Во Скопје беше 1-1, во Абердин 0-0, па Шкотите одат понатаму.

Шкендија и покрај елиминацијата се прикажа во добро издание и на двата меча и покажа дека и македонските тимови можат рамноправно да се носат со реномирани состави каков што е Абердин.

Вечерва тимот од Тетово пропушти можност да мине понатаму, а во финишот Бесарт Ибраими пропушти да ја круниса иницијативата на Шкендија. Во последните петнаесетина минути се беше во знакот на гостите од Македонија, но шансите не беа искористени и Абердин мина понатаму. Покрај Шкендија на стартот од квалификациите испадна и Ренова, па само Работнички остана да ги брани боите на нашиот фудбал во втората квалификациска рунда.

Тука е и Вардар, екипа која на стартот од квалификациите за ЛШ ќе игра двомеч со Апоел на 14. јули во Никозија и на 21. јули во Скопје. Тие два меча директно ќе ги пренсеува МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top