| четврток, 6 декември 2018 |

Радост за Шпанија и за Венецуела и прво гранслем-финале за Мугуруза

mugu

Шпанија и Венецуела се радуваат на успехот на Гарбине Бланко Мугуруза, тенисерка која првпат ќе игра гранслем-финале, и тоа на Вимблдон.

Денеска попладне тенисерката родена во Каракас, која игра за Шпанија, со 2-1 во сетови ја победи Агнешка Радванска и првпат во кариерата ќе игра во финалето на гранслемот во Лондон.

Радванска беше фаворит и го играше третото полуфинале во последните 4 години на Вимблдон, но не успеа уште еднаш да игра финале, по поразот во 2012 година.

Во второто полуфинале попладнево ќе играат Серена Вилијамс и Марија Шарапова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top