| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 90 странски делегации, 2000 полицајци и 800 новинари ќе бидат в сабота во Сребреница

сребреница

Повеќе од 90 странски делегации, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини и премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу ќе присуствуваат в сабота на одбележување на 20 години од злосторството во Сребреница.

Претседателот на Организацискиот одбор и началник на општина Сребреница, Ќамил Дураковиќ, изјави за Танјуг дека свое присуство потврдиле прмеиерот на Србија и претседателите на Словенија, Хрватска, Црна Гора и Македонија.

– Многу ни е важно регионот во вистинска смисла да биде присутен – изјави Дураковиќ.

Свое присуство потврдиле и јорданската кралица Нур, заменикот на генералниот секретар на ОН, Жан-Мари Гено, министри за надворешни работи од голем број европски држави, како и претставници од музејот на холокаустот во САД.

Дураковиќ вели дека на комеморацијата се очекуваат меѓу 50.000 и 70.000 граѓани. Повеќе од две илјади полицајци ќе се грижат за безбедноста, додека акредитирани се повеќе од 800 новинари. На комеморацијата ќе се обратат 16 официјални лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top