Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата вчерашна редовна седница ја разгледа политичката состојба во државата и донесе четири заклучоци.
Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи многу отстапки во правец на изнаоѓање компромисно решение за политичката состојба. ВМРО-ДПМНЕ во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори.
Второ, односот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба истите да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех. Дополнително, политичката штета од негативните извештаи од меѓународните организации, како и можното губење на препораката за започнување на преговори со ЕУ е на листата на цели на СДСМ.
Трето, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ со илегално стекнати и монтирани материјали на прес-конференции ја манипулира јавноста.
Четврто, ВМРО-ДПМНЕ го поздравува напорот на претставниците на меѓународната заедница и уште еднаш потврдува дека стои и е подготвена за имплементација на договорот од 2 јуни, но нагласува дека нема намера да продолжи со отстапки на нелогичните барања на СДСМ. Промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати, се вели во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата