| четврток, 6 декември 2018 |

На Ѓоковиќ му се погодија противниците на Вимблдон

Wimbledon Championships

Новак Ѓоковиќ сигурно чекори кон ново финале на Вимблдон, а и противниците му се погодија. Најдоброрангираниот светски тенисер против сите шест ривали досега на ова издание на турнирот во Лондон има вкупен биланс од 47 победи и само 6 порази. И единствен што двапати го надиграл е Бернард Томиќ, против кого Ноле има биланс од 5-2.

Особено добар скор Ѓоковиќ има против двајцата последни противници на Вимблдон. Марин Чилиќ, кого и овојпат го победи со 3-0 во четврт-финалето, едноставно нема рецепт како да го порази српскиот ас и има неверојатни 13 порази и ниту една победа.

Утрешниот противник на Новак во полуфиналето, Ришар Гаске има за нијанса подобар скор од 1-11, па јасно е кој е фаворит за пласман во финалето.

Кој ќе биде вториот финалист утре ќе одлучуваат Роџер Федерер и Енди Мареј во меѓусебна пресметка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top