| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија ќе воведе прохибиција

food

Во Парламентот на Индонезија денеска во завршна фаза влезе усвојувањето на законот со кој жителите на оваа 256 милионска држава од југоисточна Азија ќе се соочат со прохибиција на алкохолот.

Сите партии што имаат претставници во Парламентот дале писмена согласност предлог-текстот на законот да влезе во процедура. Ако се усвои, забраната за консумирање алкохол во Индонезија ќе важи од почетокот на идната година.

Законот за прохибиција е лична иницијатива на сегашниот претседател на Индонезија, Јоко Видодо. Минатата недела тој изјави дека цврсто ќе се залага да се донесе законот, но се согласи со забелешките дека во меѓународните летувалишта, како што е Бали, и во хотелите со 5 ѕвезди на пењето алкохол треба да се гледа полиберално.

Кога ќе профункионира законот за прохибиција, прекршителите се соочуваат со затворски казни од три месеца до две години. Построги казни ќе добиваат лицата кои ќе бидат фатени како возат автомобил или мотор во алкохолизирана состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top