Фудбалерите на Шкендија синоќа во Абердин го одработија единствениот тренинг во пресрет на реваншот од квалификациите за Лига на Европа против вицешампионот на Шкотска.
Тоа му даде јасна слика на тренерот Шпетим Дуро за тимот со кој ќе настапи денеска во 20.45 часот.
По првиот натпревар одигран во Скопје на арената „Филип Втори“ и резултатот 1-1, Абердин останува апсолутен фаворит за пласман во следнта фаза, но ведрото расположение во тимот и низ синоќешниот тренинг на стадионот „Питодри“ носи надеж и мотив кај тетовци дека е можно да се дојде до позитивен резултат.
– Дојдовме во Шкотска за да покажеме дека имаме капацитет да играме квалитетен фудбал, иако мора да бидеме искрени и да кажеме дека Абердин е голем фаворит за пласман понатаму. Не само резултатот од првиот натпревар, но и поради нивото на кое игра. За нас е најважно да го дадеме максимумот, да не дозволиме грешки во одбраната, а во нападот да ја бараме секоја шанса. Свесни сме дека секој позитивен резултат може да биде историски за клубот и тоа ни носи голем мотив – истакна Дуро на синоќешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЛШ: Шкендија убедливо поразена од Салцбург
-
Погледнете како славеа навивачите на „Шкендија“, навредувајќи ги Македонците! (видео)
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа




