| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел и порача на Тирана да ги исполни предвидените реформи

мер

Германија ја подржува Албанија на патот до ЕУ но за да стигне до целта потребно е исполнување на предвидените стандради кои всушност и го определуваат рокот за пристапување во европското семесјтво,порача од Тирана гермаnската канцелaрка Ангела Меркел на попладневната заедничка прес конференциоја со нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама.

Според Меркел, со Рама разговарале и за еконмски прашања, при што посoчила дека  за земјата е многу значајно создавање услови на таков начин што инвеститорите би имале доверба.

-Имаме големи можности да постигнеме уште подобри резултати во економската соработка.За Албанија значајно е создавање законски услови, бидејќи инвеститорите сакаат да имаат доверба во законските услови. Ние ја подржуваме Албанија во овој правец. Разговаравме и за реформите во прaвосудниот систем. Албанија има можности да го корсти европското искуство, посебно во борбата против корупцијата, – ијавила Меркел.

Во врска со масовниот наплив на азиланти од Албанија, Меркел изјавила дека со Рама разговарале и на оваа тема , додавајаќи дека албанските граѓани не може да добијат азил, бидејќи земјата се смета за безбедна.

-Не сакаме азиланти, ние посакуваме силна работа сила – нагласила Меркел.

Рама искажа голема благодарнсот за посетата на Меркел, со која имал посебна чест во текот на една година да се сретне и разговара дури трипати.

–  Перспелтивата на ЕУ не е поделена перспектива, посебно за оние кои сакаат да излезат од неа или оние кои сакаатаа да влезат во неа. Интеграцијата на Западен Балкан не е наша обична потреба туку се повеќе на ЕУ како проект на мирот, рекол меѓу другото Рама

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top