| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат

 

-Денес се докажа дека Зоран Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси. Денешната прес конференција е доказ дека Зоран Заев бега од договорот од 2 Јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија. Договорот го потпиша Зоран Заев, но не беше прифатлив за Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски. Заев денес покажа дека повеќе ги слуша нив од тоа што се слуша самиот себе. Се докажа дека Зоран Заев и СДСМ преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места. На тој начин прават штета на секој еден граѓанин во Република Македонија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и СДСМ ја докажаа деструкцијата кон сопствената земја и сопствениот народ.

-Докажаа дека им се важни само личните и партиски интереси и желбата да дојдат на власт без да добијат поддршка од граѓаните на избори. Со денешната постапка Зоран Заев и СДСМ ја докажаа политичката неодговорност и покрај јасните пораки од народот и од претставниците на меѓународната заедница. Зоран Заев докажа дека него единствено што го интересира е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност. Поради тоа што Зоран Заев во континуитет се заканува со објавување на креирани снимки за случајот Монструм и поради тоа што ние сме убедени дека нема ништо спорно во целиот тој случај, денес јавно апелираме да објави се што има и поседува без да одолговлекува.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе продолжат да работи во интерес на граѓаните, политичката стабилност, економскиот развој и отварањето на нови работни места.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top