| четврток, 6 декември 2018 |

Ивон: Во вториот круг без националистичка реторика

Британскиот амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон, очекува вториот изборен круг на 7 април да помине во мирна и фер атмосфера, без нациналистичка реторика туку со дискусија за локални прашања кои се во корист на граѓаните.

– Треба да се очекуваат мирни и фер избори, но секако нема гаранции за тоа, не знаеме што ќе се случи на 7 април. Јас се надевам дека ќе бидат мирни и ефикасно спроведени бидејќи сакаме да видиме избори што ѝ одат во прилог на Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ. Би сакале да видиме што помалку националистичка реторика, а што повеќе дискусија за локални прашања и услуги за граѓаните, работи што се од голема важност за луѓето, нивните семејства и заедници – рече Ивон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top