| четврток, 6 декември 2018 |

Дер Шпигел: Меркел да го запре ѓаволскиот пакт со САД

меркел
Највлијателниот германски весник „Дер Шпигел“ бара Меркел да го прекине ѓаволскиот пакт со Америка.

Во уреднички коментар  весникот тврди дека можеби постои пријателство меѓу граѓаните на двете земји но дека американско – германското пријателство на ниво на држави веќе не постои.
Во текстот се прашува дали тоа навистина некогаш постоело или се работи за илузија која што во моментов не може да се нарече пријателство. Четврт  век откако САД и помогна на Германија да се обедини малку остана од тоа пријателство , смета авторот според кого новите документи објавени од Викиликс покажуваат дека САД систематски ги спионирал гермаснките политичари.
Не само Меркел и министрите туку и разни владини агенции па дури и новинари кои што треба да се гарант на слободата на медиумите како основа на либералната демократија. Затоа вели авторот , денеска сме свенси дека пријателските насмевки на Буш и Обама во Вашингтон сите овие години не биле искрени.
Според „Дер Шпигел“ причините за прислушувањето не се безбедноста на западот како целина туку исклучиво сопствените интереси на САД. Германската влада потпишала ѓаволски пакт со САД и орвеловската шпионска машина што според весникот може да е направено ос страв дека ќе остане без информации за планирани терористички напади но со тоа Меркел дозволила да бидат прекршени законите во Германија.
Затоа владата во Берлин имала два погрешни приоритети кои сега мора да ги промени.
Прво да не дозволи поради страв од напади да го крши законот и второ да покаже отпор кон однесувањето на САД. Затоа во иднина мора да ги запише правилата за соработка со разузнавачките агенции што значи дека одредени информации нема да се делат, што не треба да значи крај на соработката со САД  особено во трговијата и надворешната политика.
Но тоа според „Дер Шпигел“ би било се, затоа што засега нема простор за повеќе од таква соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top