| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на Ѓорческа во Бурса

Lina-Gjorceska-sport148-2

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првото коло на ИТФ турнирот од фјучерс серијата вреден 50.000 долари што се игра во Бурса, Турција.

Ова е прво учество на Ѓорческа на турнир со награден фонд од 50.000 долари, и не успеа да ја мине првата пречка. Загуби од шпанската тенисерка Лаура Поус-Тио, која е на 193. место на ВТА ранг листата, со 6-2,6-0. За утеха на Ѓорческа и остануваат петте поени што ги заработи со самото учество на турнирот и ќе напредува на најновата ВТА ранг-листа која ќе излезе во понеделник.

Во игра на двојки македонската тенисерка заедно со Мелис Сезер од Турција во четвртфиналето ќе играат против четвртите носителки, домашните тенисерки Бујукакчај и Озген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top