Владејачката партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ на најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон.
Според оваа анкета ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11 отсто од анкетираните.
Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот. Али Ахмети е веднаш зад него со шест отсто доверба, а во Менудх Тачи само два отсто од анкетираните граѓани имаат доверба.
За најзначајните општествени теми, и покрај сите напори на опозицијата за деградирање на владините политики и серијата обвинувања и клевети, ВМРО-ДПМНЕ има за повеќе од два пати поголема предност пред СДСМ.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ според граѓаните е најспособна од политичките партии за решавање на проблемите со економијата, невработеноста, корупцијата, владеењето на правото, меѓуетничките односи и локалните проблеми, безбедноста и сигурноста и интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Деструктивното сценарио на СДСМ и Заев не му донесе поголема поддршка, напротив граѓаните го осудуваат ваквото однесување.
На прашањето за која партија би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори вкупно 23 отсто од граѓаните би ја дале својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, 11 отсто би гласале за СДСМ, за ДУИ би гласале седум проценти, а за ДПА три отсто.
Според анкетата на ИРИ, граѓаните имаат најголема доверба во политичарот Никола Груевски (18 проценти), а потоа следат Зоран Заев (седум проценти), Али Ахмети (шест проценти), Мендух Тачи (два проценти),
Поддршката која ја има владејачката партија се должи во дел и на постојаната работа и присуството на теренот. Граѓаните во анкетата на ИРИ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивните населени места. Вкупно 47 отсто од испитаницте во анкетата се изјасниле дека ВМРО ДПМНЕ е најактивна партија, а потоа следат СДСМ – седум отсто, ДУИ 11 отсто, ДПА два отсто.
На прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните 27 проценти од анкетираните одговориле дека тоа е ВМРО ДПМНЕ, 13 проценти СДСМ, ДУИ 7 проценти и ДПА три проценти.
Според испитаниците, партијата на Груевски има поголема доверба, поддршка и кредибилитет за справување со сите предизвици и за унапредувања на состојбите во општествените сфери во споредба со партијата на Заев. Граѓаните сметаат дека ВМРО- ДПМНЕ има поголем капацитет да ја унапредува економијата, да ја намали невработеноста, да се справи со криминалот и корупцијата, да ги реализира европските и евроатлантски интеграции, да го гради меѓуетничкиот соживот, да ги решава локалните проблеми и да обезбеди владеење на правото.
Вкупно 28 проценти од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може подобро да ја развива економијата и да ја намалува невработеноста, а само 11 отсто од испитаниците сметаат дека тоа може да го направи СДСМ.
Во однос на обезбедување на владеењето на правото 23 проценти дале доверба и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти само 10 проценти кои се изјасниле за СДСМ.
Дека ВМРО-ДПМНЕ може успешно да се справи со проблемите во меѓуетничките односи сметаат речиси 21 проценти од граѓаните, а за СДСМ се изјасниле 9 проценти.
Според влијателниот американски институт, 21 процент од граѓаните сметаат дека ВМРО- ДПМНЕ подобро може да се справи со криминалот и корупцијата, додека за СДСМ е значителна пониска довербата за оваа тема и изнесува седум проценти.
Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро може да ја реализира интеграциската агенда за членство во ЕУ и НАТО. Владејачката партија има поддршка од 24 проценти од граѓаните за оваа тема, наспроти СДСМ за кого се изјасниле 13 проценти.
Партијата на премиерот Груевски со поддршка од 27 отсто од граѓаните има највисока доверба и за обезбедување на безбедноста и сигурноста, наспроти 10 отсто од граѓаните кои сметаат дека СДСМ има поголем капацитет за оваа тема.
ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски имаат поголема поддршка од граѓаните и во однос на локалната самоуправа, со предност од 24 проценти наспроти 9 отсто за СДСМ.
Теренската анкета на Интернационалниот републикански институт е направена од 6 до 15 јуни врз репрезентативен примерок од 1. 105 испитаници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)