| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 18 македонски спортисти ќе учестуваат на ЛОИ на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес

ЛОИ на Специјална Олимпијада се најголем глобален спортски и хуманитарен настан, на кој 7.000 спортисти, 3.000 тренери од 177 земји ќе се натрпеваруваат во 25 олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, одлучноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени

Вкупно 18 македонски спортисти ќе учестуваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) на Специјалната олимпијада која ќе се одржи од 25 јули до втори август во Лос Анџелес, САД.

specijalna olipijada

Делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 спортисти кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини: пливање, пинг понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), пет тренери и тројца делегати, односно 26 лица. Ова е најголема олимписка делегација во историјата на Македонија од учествата на овие Игри.

ЛОИ на Специјална Олимпијада се најголем глобален спортски и хуманитарен настан, на кој 7.000 спортисти, 3.000 тренери од 177 земји ќе се натрпеваруваат во 25 олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, одлучноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Почесен претседател на игрите е претседателот на САД Барак Обама, а почесни гости на церемонијата на свеченото отворање која ќе се случува во историскиот Лос Анџелес Колисеум (каде што се одржувале две претходни ЛОИ во 1932 и 1984 година) се првата дама на Соеднинетите Американски Држави, Мишел Обама, градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети и гувернерот на Калиформија Џери Браун.

Реализацијата на овој значаен светски настан ќе биде овозможена со поддршка на 300. 000 волонтери кои несебично се вложуваат во беспрекорната подготовка на настанот, а ЕСПН ќе обезбеди медиумско покривање на Олимписките игри со што сите земји учеснички ќе имаат можност директно да ги следат своите делегации.

Специјална Олимпијада Македонија постои од 2004 година и е посветена на потикнување, развој и зајакнување на лицата со посебни потреби преку спорт и спортски активности со цел да станат продуктивни и почитувани членови на општеството. Преку својата програма промовира иницијативи во здравствената и јавната сфера како и социјална инклузија на лицата со посебни потреби.

Специјална Олимпијада Македонија обезбедува спортски активности на 150 спортисти во Македонија давајќи има постојани можности преку различните спортови да ја развијат својата физичка кондиција, да покажат храброст, да искусат радост и преку своите редовни активности го шири духот на почитување на различностите и волонтаризам.

– Претходните учества на Олимписките игри ни донесоа завидни резултати, па и медали. Водени од слоганот на Специјална олимпијада се надеваме на успеси на атлетите кои секојдневно ги поместуваат границите – велат од Специјалната Олимпијада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top