Во Охрид денеска ќе почне дводневна конференција на тема „Aнтикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ).
На конференцијата ќе присуствуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции.
Конференцијата ќе ја отворат заменик-министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, јавниот обвинител Марко Зврлевски, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и шеф на делегацијата на РМ во Комитетот на ГРЕКО Анета Арнаудовска, претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски и Марк Л. Ласер, виш правен советник од Правна канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД.
Во рамки на завршните заклучоци од дводневната конференција, утре, според најавата, на присутните им се обрати и американскиот амбасадор Џес Л. Бејли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.