Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа се случи во вечерва на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „опел корса“ со голема брзина влета во еден од излозите на околните згради.
На лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, но безуспешно. Според очевидци станува збор за малолетна девојка која од силината на ударот починала на лице место.
Според неофицијални информации девојката стоела кај пешачкиот премин спроти хотелот „Квин“, а возачот на автомобилот изгубил контрола врз возилото и удрил право во неа.
На местото на настанот пристигна противпожарно возило, а полицијата врши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)