| четврток, 6 декември 2018 |

На родител не му било грижа што синот завршил во затвор

police12

Кумановец добил кривична пријава затоа што сосема го запуштил својот син и не му било грижа што тинејџерот се оддал на криминал.

СВР Куманово извести дека поднеле кривична пријава за Р.М. (47) од Куманово за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

Во текот на февруари и на март 2013 година, пријавениот, без да му укаже родителска грижа на својот син Љ.М. (16), дозволил истиот да изврши повеќе кривични дела, а откако Љ.М. бил приведуван во СВР Куманово, пријавениот не се јавувал на поканата во полиција и не присуствувал при вршењето на разговори со Љ.М., по што од страна на судијата за малолетници му е изречен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top