Новак Ѓоковиќ покажа шампионски карактер и прегрме опасен предизвик против одличен противник во осминафиналето на Вимблдон. Јужноафриканецот Кевин Андерсон падна по голема битка во два дена со актуелниот шампион во Лондон, а српскиот ас славеше со 3-2 во сетови.
Мечот се доигра денеска попладне откако вчера при резултат 2-2 беше прекинат поради темница. Продолжението го доби Ѓоковиќ со 7-5 во гемови, а клучна беше единаесеттата игра со брејк за бранителот на трофејот. Андерсон водеше со 2-0 во сетови, но ја прокоцка предноста и не го искористи одличниот сервис докрај, иако имаше неверојатна бројка од 41 ас на целиот меч.
Во следната рунда за пласман во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Марин Чилиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.